Реал Мадрид не може да се помири со неуспехот: Шпанската лига е циркус!
Телевизијата на „кралевите“ удри по судиите и испрати жестоки критики по новиот неуспех на гигантот од Мадрид.
„Шпанската лига не е сериозна. Шпанската лига е циркус. Ова е ужасно, преносот на натпреварите е срамен. Најголем проблем е недостатокот на снимки. Кога има контроверзни акции на штета на Реал Мадрид, гледаме одлични панорамски снимки. Наеднаш преносот се прекинува за време на важен прекршок. Продукцијата ја води компанија која ја организираше Хавиер Тебас“, порачаа од телевизијата.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.