Мбапе ги налути навивачите на Реал по поразот во „Ел Класико“ (ФОТО)

Барселона славеше против Реал Мадрид со 2-0 во „Ел Класико“ и ја освои титулата, а францускиот напаѓач Килијан Мбапе не беше во составот на поразениот тим, а денеска дополнително ги налути навивачите.

Навивачите не се задоволни од Мбапе, па веќе почнаа и петиција на која се потпишаа повеќе милиони фанови за да го избркаат Французинот од клубот.

Мбапе по поразот од „Ел Класико“ реши да се појави на тренинг, односно во теретана, и тоа додека сите останати имаат слободен ден.

„Секогаш се појавува кога не е важно, а го нема во клучните моменти. Ова ми изгледа дека се шегува. Секогаш прави сè спротивно. Погледнете му ја насмевката, додека тимот е во хаос“, се само дел од коментарите.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.