ЕХФ ги одреди сатниците: Охрид ќе ја пречека Татабања во вечерен термин!

Eвропската ракометна федерација денеска ги одреди термините за двата финални натпревари кои Охрид ќе ги игра против Татабања во битката за трофејот во Европскипот куп.

Ждрепката сакаше првиот натпревар да се игра во Татабања, а терминот ќе биде на 24 мај со почеток од 17:00 часот.

Реваншот во кој Охрид ќе игра дома е закажан за на 31 мај во вечерен термин од 20:00 часот. Како и во претходните натпревари и сега се очекува трибините во „Билјанини Извори“ да бидат исполнети до последното место во борбата за прв европски трофеј на Охирд.

Ќе потсетиме, трофејот во ова натпреварување минатата година го освои Алкалоид, па Охрид игра и за тој да остане во Македонија.