Босанците го објавија списокот на фудбалери за Мундијалот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во САД Канада и Мексико.

Босанците со истите фудбалери во подготовките за Мундијалот на 29 мај ќе играат и пријателски натпревар против Македонија кој за нив ќе биде последен пред заминувањето за САД.

Барбарес не направи поголеми изненадувања и промени, па така составот на БиХ е и очекуван.

Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ

Одбрана: Амар Дедиќ, Никола Катиќ, Стјепан Раѓелиќ, Нидал Челик, Нихад Муакиќ, Тарик Мухаремовиќ, Сеад Колашинац

Среден ред: Амир Хаџиахметовиќ, Иван Шуњиќ, Бенјамин Тахировиќ, Џенис Бурниќ, Армин Гиговиќ, Ермин Махмиќ, Иван Башиќ, Амар Мемиќ, Керим Алајбеговиќ, Есмир Бајрактаревиќ

Напад: Самед Баждар, Јово Лукиќ, Харис Табаковиќ, Ермедин Демировиќ, Един Џеко

Мундијалот во САД почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, Босна во својата група ќе игра натпревари против: Швајцарија, Канада и Катар.

Фото: nfsbih