Невиден скандал во Хрватска: Не влезе во игра, па среде меч со замина – дома!

Фудбалерот на Осијек, Шимун Микулчиќ, направи потег каков ретко се гледа во професионалниот фудбал – на полувреме решил дека му е доста и си заминал од стадионот.

Неверојатната приказна ја објавија хрватските медиуми, а инцидентот се случил на мечот против Лоомотива. Миколчиќ, кој е младински репрезентативец на Хрватска, бил целосно подготвен за настап, но првото полувреме го минал на клупата. Очигледно разочаран што тренерот Томислав Радотиќ, не го ставил во стартниот тим и дури не го испратил ниту на загревање, 22-годишниот фудбалер решил – да си оди дома. Подоцна им се извинил и на тренерот и на соиграчите, но штетата веќе била направена.

Со својот потег не само што го нарушил авторитетот на тренерот, туку и му оставил на тимот една опција помалку во продолжението од мечот. Реакцијата на клубот беше жестока – Миколчиќ е суспендиран до крајот на сезоната и нема да игра во последните две кола, во кои Осијек води битка за опстанок.

„Во еден момент се стави себеси пред тимот. Тоа не смее да се случува. Никое име не смее да биде поголемо од грбот на дресот“, изјави Радотиќ.

Интересно, тренерот сепак застана зад својот фудбалер, нарекувајќи го „феноменален професионалец“, кој едноставно направил голема грешка. Но, потегот веќе влезе во конкуренција за еден од најбизарните моменти во историјата на хрватскиот фудбал.