Винисиус: Ова е силна шлаканица за нас, ама – ќе се вратиме уште посилни!
Тој беше брутално искрен по натпреварот и призна дека противникот тотално ги надиграл.
„Да загубиш Ел Класико секогаш боли, но ова беше силна шлаканица за нас. Ваков пораз од Барселона е непростлив за нашите навивачи. Не само што нè победија – нè доминираа во секој сегмент. Го контролираа темпото, беа подобри во секој детал, а ние не бевме ни блиску до потребното ниво“, изјави Винисиус.
Крилниот напаѓач презеде вина и за својата игра.
„Ја преземам целосната одговорност. Знам што очекуваат мадридистите од мене, а денес не им го дадов тоа. Гневот на навивачите е оправдан. Реал мора да се бори за титулата до последна секунда“, порача Бразилецот.
На крајот испрати и порака за иднината.
„Сега мора да молчиме, да работиме двојно повеќе и да не дозволиме ова да се повтори. Реал Мадрид ќе се врати, го ветувам тоа“, заврши Винисиус.