Данска доби сензационален шампион – екипа што титулата ја чекаше дури 40 години!

Екипата на Архус ја освои титулата во Данска, со што конечно стави крај на четири деценискиот пост без шампионски трофеј.

Фудбалерите на овој тим ја заверија круната со голема победа на гости кај лутиот ривал Брондби (2-0) и на коло пред крајот започна огромното славје. Ова е вкупно шеста титула во историјата на клубот, но прва по цели 40 години. Гостите ја завршија работата уште во првото полувреме, кога со два гола создадоа предност што домаќинот не успеа да ја стигне. Брондби притискаше во вториот дел, но мрежата на Архус остана недопрена.

Патот до титулата дополнително им беше олеснет и по киксот на единствениот конкурент Митјиланд, кој претходно само ремизираше против Нордсјиланд. Архус со оваа победа побегна на недостижни 64 бода, додека Митјиланд втора сезона по ред завршува како вицешампион.