Сензација: Бока Јуниорс елиминирана од тим кој играше и со девет фудбалери (ВИДЕО)

Екипата на Бока Јуниорс претрпе дебакл во осминафиналето од плејофот во првенството на Аргентина, откако ноќеска загуби во пресметката со Хуракан (2-3) по продолженија.

Мечот беше полн со нервоза, контроверзи и хаос, а кулминацијата дојде во продолженијата кога гостите останаа со дури двајца фудбалери помалку – и сепак победија. Прво Ерик Рамирез заработи директен црвен картон по остар старт, а кратко потоа Фабио Переира доби втор жолт картон, па Хуракан остана со само девет играчи на теренот. Оскар Ромеро беше херој на гостите – постигна два гола од пенал во екстра времето и го трасираше патот кон големото изненадување.

Бока Јуниорс до крајот успеа само да намали преку Анхел Ромеро, но немаше сила за целосен камбек.