Брајтон и Борнмут до нови триумфи - не се откажуваат од трката за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брајтон триумфираа со 3-0 против Вулверхемптон, додека Борнмут славеше со 1-0 над Фулам во 36. коло од Премиер лигата.

Брајтон тргна фуриозно во натпреварот и постигна два гола за само пет минути предку Хиншелвуд и Данк за предност од 2-0, додека Минте во завршницата ги постави конечните 3-0.

Првото полувреме меѓу Фулам и Борнмут го одбележаа два црвени картони, односно по еден на двете страни, а единствениот гол беше дело на Рајан во 53. минута за победа на гостите од 1-0.

Сандерленд и Манчестер јунајтед одиграа возбудлив натпревар со многу шанси, но ниту една од екипите не стигна до погодок.

Фото: Facebook/Brighton & Hove Albion FC