Меси откри кој е негов фаворит за освојување на СП 2026

Светското првенство (СП) ќе се одржи ова лето, а на него ќе настапи и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси кој со Аргентина ќе се обиде да стигне до пехарот.

Аргентинецот во разговор со медиумите кажа дека неговата татковина не е фаворит за освојување на турнирот.

„Мора да разбереме дека постојат други репрезентации кои доаѓаат на ова натпреварување во добра форма. Франција е многу силна и има квалитетни фудбалери, со што е фаворит за титулата. Тука се и Шпанија и Бразил, а мислам дека и Португалија има конкурентен тим“, кажа Меси.

Фото: Inter Miami/Facebook