МЗТ го надигра Пелистер во првиот меч од полуфиналето во Суперлигата
Екипата од Скопје моќно го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 28-18, по што битолчани се разиграа и успеаја до полувреме да намалат на 35-39.

Пелистер успеа да направи и целосен пресврт во третата четвртина (52-45), но МЗТ до крајот повторно го врати водството и во последните 10 минути влезе со (57-55).

МЗТ ја контролираше играта во последната четвртина, иако Пелистер успеа да дојде и до четири поени негатива (73-77). Сепак, тимот од Аеродром на крајот се радуваше со 80-75.

Најефикасен кај МЗТ беше Андреј Маслинко со 15 поени, додека Дејвис запиша 23 поени за Пелистер.

