Градоначалникот на Мадрид распали по УЕФА: Не сакавте Атлетико да игра финале!

По елиминацијата на Атлетико од Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите, се огласи и градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинес Алмеида кој е и голем навивач на Атлетик

Во разговор со новинарите тој ја обвини УЕФА и судиите дека го спречиле Атлетико да игра финале.

„Кога видов дека ќе играме против Арсенал, бев сигурен дека ќе победиме, но погрешив. Моравме да играме и против УЕФА, а тие јасно ставија до знаење дека не сакаат Атлетико Мадрид да биде во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Алмеида.

Тој фрли сомнеж врз УЕФА, бидејќи, како што верува, намерно бил делегиран германски судија. И за тоа има објаснување.

„Неразбирливо е што назначија германски судија кога Шпанија и Германија се борат за петтото место во Лигата на шампионите. Кој, освен УЕФА, би помислил да назначи германски судија и како главен и како ВАР-судија? Вчера имаше ситуации кои не беа затоа што судијата беше слаб, туку според мене поради однапред донесена одлука насочена кон нанесување штета на Атлетико“, додаде тој.

Тој алудираше и на конкретни ситуации, како контактот на Калафиори над Симеоне, кој според негово мислење морал да биде пенал за гостите.

„Неразбирливо е што нема ниту еден снимка од офсајдот на Симеоне, кога тоа беше чист пенал. Подоцна на социјалните мрежи видовме дека не билоофсајд. На натпревар кој го пренесуваа толку телевизиски камери, зошто продукцискиот тим не ја покажа снимката за да се утврди дали имало офсајд или не? Бидејќи не беше офсајд, а тие одбија да го признаат тоа“, изјави Алмеида.

Фото: Atlético de Madrid/FB