ФИФА на тешки маки: Речиси три милијарди луѓе нема да имаат пренос од Мундијалот?!

Додека остатокот од светот веќе се подготвува за најголемото Светско првенство во историјата, ФИФА се соочува со неочекуван проблем.

На помалку од еден месец пред почетокот двете најнаселените земји во светот, Кина и Индија сè уште немаат решени телевизиски права за пренос на натпреварите. Тоа значи дека стотици милиони љубители на фудбалот би можеле да останат без ТВ-пренос од најголемиот спортски настан на планетата, ситуација која не се случила во модерната ера на фудбалот.

Според пишувањата на повеќе странски медиуми, преговорите меѓу ФИФА и потенцијалните телевизиски партнери во Кина и Индија се заглавени поради високата цена на правата и неизвесноста околу комерцијалната исплатливост.

Особено интересна е ситуацијата во Кина, земја која на претходните првенства важеше за едно од најголемите пазари за ФИФА. Но, кинеските телевизиски куќи во последните години значително ги намалија инвестициите во спортските права, особено по финансискиот колапс на кинеската Суперлига и кризата во спортскиот сектор.

Од друга страна, Индија традиционално повеќе го следи крикетот отколку фудбалот, но ФИФА таму гледа огромен потенцијал поради големиот број жители и сè поголемиот интерес кај младата публика за европскиот фудбал.

Фото: FIFA World Cup/X