Бекер во нови проблеми: Поранешната сопруга му бара еден куп пари!
Судот во Лондон претходно на Бекер му нареди да плаќа месечно по 8.000 фунти за алиментација за неговиот син. Според адвокатите на Лили, исплатите запреле во 2022 година, откако бившиот тенисер беше осуден на затворска казна.
Бекер продолжил со уплатата на средставата од 2025 година, но Лили бара да се исплати целиот долг, односно ги бара парите за периодот кој тенисерот го поминал зад решетки.
Борис и Лили беа во брак од 2009 година, а официјално се разделија во 2023 година.