Доминација каква не е видена: Синер има 28 Мастерс победи по ред, со само два загубени сета
Вчера, тој ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид, првпат во кариерата и дојде до 28. трофеј во кариерата. Воедно, тоа беше негов петти Мастерс трофеј во низа, нешто што не им успеало ни на Федерер, Ѓоковиќ и Надал во нивната ера. Уште повпечатлив е начинот на кој Синер стигна до овие трофеи.
До моментов, тој се наоѓа во серија од 28 победи на Мастерс турнирите, а дури 26 од нив доби со 2-0. Тоа значи дека загуби само два сета и двата во тајбрејк. Сега на Синер му недостасуваат три победи за да го достигне и четири да го надмине рекордот на Новак Ѓоковиќ кој изнесува 31 победа по ред на Мастерс турнирите.
Шанса за тоа ќе има во Рим, турнир кој почнува задутре, но најдобрите светски тенисери се вклучуваат в петок.