Интер Мајами водеше со 3-0 и загуби - супер гол на Меси! (ВИДЕО)

Интер Мајами со 3-4 загуби на свој терен од Орландо, водеа со 3-0 и не успеаа да ја здржат предноста, Лео Меси даде прекрасен гол, но тој во пораз ништо не значи.

Домаќините поведоа уште во четвртата минута кога Фрај даде гол за 1-0. Во 25. минута Шеговија по асистенција од Меси зголеми на 2-0.

Девет минути подоцна Меси реализираше за 3-0, во тие моменти никој не можеше ниту да замсли што ќе се случува понатаму во мечот.

Пред крајот на полувремето Орландо преку Охеда го намали резултатот на 3-1, така се замина на полувремето.

Охеда погоди и о 68. и 78. минута за негов хет-трик и израмнување на резултатот од 3-3, а во судиското продоление Списер даде гол за победа на Орландо од 4-3.