Норис ќе тргне пред Антонели на спринт-трката во Мајами (ФОТО)

Формула 1 повторно се врати во акција, по повеќенеделната пауза, а на денешните квалификации пред спринтот најбрз беше Ландо Норис од Мекларен.

Норис со неговиот изменет болид успеа да заврши пред ривалот од Мерцедес, Кими Антонели, додека зад нив заврши Оскар Пјастри.

Спринт-трката во Мајами е закажан за утре од 18 часот.