Енрике урна неверојатен рекорд на Гвардиола во ЛШ (ФОТО)

ПСЖ успеа да слави против Баерн Минхен со 5-4 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Луис Енрике се запиша во историјата.

„Опта“ објави дека Енрике стана тренер кој најбрзо стигнал до 50 победи во елитното натпреварување, а за тоа му беа потребни само 77 натпревари.

Енрике со ова успеа да го урне рекордот на стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој до 50 триумфи стигна по 80 дуели во ЛШ.

Фото: PSG - Paris Saint-Germain/Facebook