Додека се водеше „војна“ во Париз, Гвардиола гледаше - третолигаши! (ФОТО)

Речиси цел свет минатата вечер го следеше натпреварот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен (5-4) во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), но интересно е тоа што еден од најдобрите тренери, Пеп Гвардиола не беше еден од нив.

Тренерот на Манчестер сити реши да гледа натпревар од англиската Лига 1, односно дуелот меѓу третолигашите Стокпорт и Порт Вејл.

Камерата успеа да го сними Гвардиола на трибините и тоа предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.