Нови триумфи за Македонија: Кадетите и кадетките ќе се борат за медали!

Македонската женска кадетска репрезентација славеше против Бразил со 19-18 и се пласира во полуфинал на Светското првенство во училишен ракомет.

Бразил имаше подобар старт на натпреварот и водство од 5-2, но набрзо Македонија го сврте резултатот во своја корист и стигна до 11-10 на паузата.

Македонските кадетки продолжија со одличната игра во вториот дел и стигнаа до победата од 19-18. Најефикасна во победата беше Ања Лашкоска со пет голови.

Машката кадетска репрезентација ја прегази Саудиска Арабија со 23-11 во последниот меч од групната фаза на Светското првенство во училишен ракомет.

Кадетите утре ќе се соочат против Србија во полуфиналето на турнирот во Скопје.

Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија