Пелистер му се истури на Тиквеш, претстои спектакл против Вардар

Фрустрациите за последните неуспеси и за катастрофалната сезона, ракометарите на Пелистер ги истурија денеска на Тиквеш кого на домашен терен го победија со 44-23.

Со тоа останаа со теоретски шанси за титулата, а Вардар доби можност идниот викенд на домашен терен, токму против актуелниот шампион, да ја освои титулата во првенството и да ја комплетира двојната круна. На „црвено-црните“ им треба само еден бод и нема сомнение дека трибините во „Јане Сандански“ ќе бидат исполнети до последното место.

И покрај тоа што Вардар е пред титула, за Пелистер е важен секој меч бидејќи се бори за второто место на табелата. Денеска немаше апсолутно никакви проблеми бидејќи уште на полувреме имаше +9 (22-13), а во вториот дел само го докусури грогираниот противник. Новиот тренер на битолскиот тим, Алексо Лембанов дебитираше со победа што е уште еден важен момент од овој меч.

Петар Атанасијевиќ со 11 гола го предводеше Вардар, додека Томче Стојановски постигна седум за Тиквеш.