Вујовиќ се враќа на работа и повторно ќе биде селектор
Поранешниот тренер на Вардар веќе отпатувал за Доха и ќе ја преземе селекцијата која ја предводееше на Светското првенство во 2025 година во Хрватска. На тој турнир со Вујовиќ, Катар го освои 21. место.
На местото на Вујовиќ потоа дојде Шпанецот, Валеро Ривера, но очигледно поразот од Бахреин во финалето на Азиското првенство по шест златни медали беше причина за смена.
Наводно, Вујовиќ со Катар се договорил соработката да важи за Светското првенство во 2027 година кое ќе се игра во Германија.
Претходно како селектор, Вујовиќ ги предводеше и репрезентациите на: Иран, Словенија, Србија и Црна Гора.