Поранешниот џин на Вардар направи ужасен фаул за - затвор (ВИДЕО)

Фленсбург триумфира против Мелсунген со 40-30 во 29. коло од Бундес лигата, но резултатот падна во сенка на ужасниот прекршок на екс-вардарец Даинис Криштопанс.

Поранешниот џин на „црвено-црните“ со рака го удри во глава неговиот ривал од Фленсбург, по што судијата веднаш му покажа црвен картон.

Криштопанс се обидуваше да го оправда потегот, односно објаснуваше дека не го забележал противникот, меѓутоа тоа не го натера арбитарот да ја промени одлуката.