Арбелоа се налути: Судиите очигледно не го разбираат фудбалот!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа се пожали на судењето по натпреварот против Бетис (1-1).

„Кралевите“ останаа без победата во 94. минута кога Ектор Белерин стрелаше за 1-1, а Арбелоа по натпреварот упати остри критики кон арбитрите.

„За мене е целосно јасно дека имаше прекршок над Менди. Не треба многу да се размислува во такви ситуации. Но за тоа треба да разбирате фудбал. А имаме проблем затоа што тие што одлучуваат, очигледно не го разбираат фудбалот. Ова е ново разочарување“, кажа Арбелоа.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига со 74 бодови, односно осум поени помалку од Барселона.

Фото: Facebook/RealMadrid