Спонзорот на Пелистер вели: Немаме пари за успех во Европа!
Пелистер немаше најдобри резултати во Лигата на шампиони (ЛШ), а Стерјев посочи дека со буџет од два милиони евра не може да се постигнат големи резултати во најелитното европско натпреварување.
„Во потрага сме по тоа што ни недостигаше оваа сезона. Напад на европскиот врв мислам дека е нереален во моментов со буџетот со кој располагаме. Вардар кога беше шампион на Европа имаше буџет од 6 до 8 милиони евра, а ние со нашите 2 милиони евра не можеме да го нападнеме врвот“, вели Стерјев.
Целото интервју на Стерјев за „Револуционер“ може да го прочитате ТУКА.