Крај на шпекулациите: Италија не сака да го замени Иран на СП

Италијански спортски функционери ја отфрлиле идејата за Италија да настапи на Светското првенство (СП) доколку Иран се откаже од настап на турнирот.

Иран сè уште се подготвува за настап на Мундијалот, но имаше шпекулации дека би можел да се откаже од учество, а како негова замена се споменуваше Италија, меѓутоа „аѕурите“ не сакаат на таков начин да се најдат на големото натпреварување.

Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди кажа дека такво сценарио не е возможно и идејата не е добра, додека претседателот на италијанскиот олимписки комитет, Лучиано Бунфиљио нагласи дека такво решение ќе биде навреда за спортот.

„Мора да го заслужите вашиот настап на Светското првенство“; кажа тој.

 Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio