Ланс го демолира Тулуз и избори финале во Купот на Франција
Туван по само девет минути игра од пенал погоди за водство од 1-0, додека Сент-Максимин потоа зголеми на 2-0.
Тулуз покажа знаци на живот во 21. минута кога погоди преку Хидалго, но набрзо Ланс возврати и со 3-1 замина на паузата.
Томасон во вториот дел, односно 74. минута ја затресе мрежата на Тулуз и обезбеди триумф од 4-1.
Ланс во финале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Стразбур и Ница.
Фото: Facebook/Lens