Тиквеш се распадна во Скопје: МЗТ броеше до 102 поени (ФОТО)
Првата четвртина понуди поизрамнета игра од двете екипи, иако МЗТ беше за нијанса подобар и поведе со 24-21, додека во вторите 10 минути ја презема контролата и до полувреме стигна до убедлива предност од 52-36.
Екипата од Аеродром го декласира ривалот на стартот во вториот дел, кога стигна и до 89-51, по што стана јасно дека Тиквеш нема шанси да се врати резултатски во натпреварот, па само во завршницата кавадарчани успеаја да ја намалат негативата до 77-102.
Хуан Дејвис беше најефикасен кај МЗТ Скопје со 22 поени, 13 скокови и две асистенции, додека Тајрон Хенри запиша 19 поени, четири скокови и две асистенции за Тиквеш.





