Нова станица во кариерата на Шошкиќ – Јужна Флорида!

Поранешниот кошаркар на Работнички, Андреј Шошкиќ во новата сезона ќе настапува за друга екипа во НЦАА лигата.

Откако пред две недели објави дека си заминува од Стони Брук каде играше како дебитант минатата сезона, за него се заинтересираа неколку универзитети низ САД. Преодниот рок во НЦАА почна на 7 април, а Шошкиќ до денеска ги разгледуваше понудите за на крајот да ја избере најповолната.

Во иднина тој ќе го носи дресот на Универзитетот Јужна Флорида со кого се договори денеска. Најпознато име од овој универзитет е поранешниот плејмејкер Чаки Еткинс кој настапуваше за десетина тимови во НБА, а во 2004 година со Детроит ја освои шампионската титула.

Екипата на Јужна Флорида се натпреварува во Американската конференција, а последната сезона ја заврши на второто место, зад Тулса, со биланс 25/8. Сепак, испадна во првото коло, исто како и Стони Брук откако загуби од Лујвил со 79-83.