Спринтер удри по тинејџерот кој урна рекорд на Болт: Неговиот резултат е лажен! (ВИДЕО)

Американскиот спринтер Ерин Браун излезе со тврдење дека рекордот кој го постави 18-годишниот Гаут Гаут неодамна на 200 метри од 19.67 секунди не треба да биде признат бидејќи, според него, бил постигнат со недозволен ветер во грб.

Браун ги критикуваше реакциите по сензационалното време што 18-годишниот спринтер го истрча во неделата во Сиднеј, на јуниорска трка. Со тој резултат, Гаут го надмина рекордот на легендарниот Усаин Болт поставен во 2004 година, по што многумина го прогласија за негов наследник.

Американецот на социјалните мрежи објави видео од ветерот на Олимпискиот парк во Сиднеј, каде што беше поставен резултатот на Австралиското атлетско првенство. Официјално, за време на трката бил измерен дозволен ветер во грб од 1.7 метри во секунда, но Браун тврди дека вистинската брзина била значително поголема.

Спринтерот, кој и претходно го критикуваше Гаут дека се натпреварува против „анонимни и слаби конкуренти“, продолжи со обвинувањата и преку „ТикТок“.

„Мислев дека навистина сме сведоци на нешто посебно... Ми стигнаа стотици пораки: ‘Човече, Гаут Гаут истрча 19.6’, па решив да ги проверам резултатите“, изјави Браун.

Тој не ги ублажи зборовите ниту во продолжение:

„Нема да лажам, а ако мислите дека ова е омраза, тоа е ваш проблем. Ова е очигледно наместено. Поголема лага не може да има“, порача Американецот.

@erinspiderbrown Let's just use our thinking caps for one second if you say, this is hating you have the brain capacity of a Popeyes chicken sandwich! #SportsCommentaryTikTokContest #trackandfield #australia #sydneyaustralia ♬ dark night beat - Goltare

Фото: EPA