Претстои нов ремонт во Реал: Перез бара засилувања за сите линии во тимот

Реал Мадрид веќе ја има втората лоша сезона зад себе. Откако минатата ја заврши без трофеј, оваа е на работ на повторување, со оглед на тоа што мадридскиот клуб практично е во игра само за Лигата на шампионите, каде што загуби со 1-2 во четвртфиналето по првиот натпревар против Баерн, а реваншот се игра во Минхен в среда.

Ситуацијата отиде толку далеку што некои навивачи на Реал почнаа да го поврзуваат овој тим со Манчестер Јунајтед во однос на квалитетот и резултатите по заминувањето на Алекс Фергусон. Јасно е дека се потребни промени во клубот. Тимот не се обновува, туку треба да се пополнат дупките во одбраната предизвикани од доведувањето играчи кои очигледно немаат квалитет и ментална стабилност за да играат во најголемиот клуб во светот.

Перез бара креативен играч од средниот ред (најпосакуван од навивачите е Витињо), централен бек, десен бек и резервен голман доколку Андреј Лунин одлучи да го напушти клубот, а една од главните цели е да се продолжи договорот со Винисиус Жуниор.

Минатото лето Реал потроши 167 милиони евра на нови фудбалери, но од нив немаше големо фајде.