Јокиќ на два чекора од голем јубилеј, Денвер во историска серија (ВИДЕО)
Тимот од Колорадо ноќеска го совлада Мемфис со 136-119 за десетти триумф во низа, што не се случило од 2013 година. Со тоа потврди дека се во добра форма пред почетокот на плејофот во кој ќе се обиде повторно да се вмеша во борбата за шампионската титула.
Никола Јокиќ не блескаше, но повторно стигна до трипл дабл, постигнувајќи 14 поени, 15 скока и десет асистенции и покрај тоа што шутна само осум пати од игра. Тоа е негов 198. трипл дабл во кариерата и има шанси до крајот на оваа сезона да стигне до бројката од 200 бидејќи Денвер има уште два меча. Воедно, српскиот центар го израмни својот рекорд по бројот на трипл дабл ефекти во една сезона кој изнесува 34 и ќе може да го подобри во следните два натпревара.
Најефикасен кај Денвер ноќеска беше Мареј со 26 поени, Џонсон постигна 18, а Браун 14. Кауард го предводеше тимот на Мемфис со 27 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Атланта 122-116
Детроит - Милвоки 137-111
Орландо - Минесота 132-120
Денвер - Мемфис 136-119
Сан Антонио - Портланд 112-101
ЛА Клиперс - Оклахома 110-128
Феникс - Далас 112-107