Шампионот немаше милост: Оклахома го распарчи десеткуваниот Лејкерс (ВИДЕО)
Дебаклот на Лејкерс беше најавен уште во првото полувреме, каде што Оклахома доминираше и го полнеше кошот на тимот од Лос Анџелес, односно замина на паузата со 65-47.
Доминацијата на Оклахома се префрли и во второто полувреме, при што продолжи да расте и водството на шампионот до конечни 123-87.
Најефикасен во победата на Оклахома беше Џеј-Гилџус Александер, додека Руи Хачимура запиша 18 поени и два скокови за Лејкерс.
Поразот на Лејкерс беше очекуван доколку се погледне нивниот состав затоа што надвор од конкуренција беше речиси половина екипа, односно не играа Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс и други кошаркари.
Останати резултати:
Индијана – Минесота 104-124
Вашингтон – Чикаго 98-129
Бруклин – Милвоки 96-90
Торонто – Мајами 121-95
Бостон – Шарлот 113-102
Њу Орлеанс – Јута 156-137
Голден Стејт – Сакраменто 110-105
Лос Анџелес Клиперс – Далас 116-103
Феникс – Хјустон 105-119