Шок во Мадрид: Винисиус бара поголема плата од Мбапе – пред преселба е во Англија!

Еден од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, би можел сензационално да го напушти клубот веќе ова лето поради застој во преговорите за нов договор.

Иако актуелниот договор му важи до 2027 година, раководството на „кралевите“ сериозно размислува за продажба за да избегне ризикот да остане без обештетување во иднина. Главниот проблем се финансиските барања на Бразилецот, кој инсистира да стане најплатен играч во тимот – со плата поголема од онаа на Килијан Мбапе.

„Кралевите“ му понудиле околу 18 милиони евра годишно, но Винисиус ја одбил понудата и бара дури 28 милиони – сума која би била меѓу највисоките во историјата на клубот, споредлива со договорот што некогаш го имаше Кристијано Роналдо.

Целата ситуација внимателно ја следат европските гиганти. Најзаинтересиран е Манчестер Јунајтед, а веќе имало контакти и со Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул. Во трката се и ПСЖ и Баерн Минхен – клубови кои можат да си дозволат огромна отштета и плата над 500.000 евра неделно.

Иако Винисиус не инсистира на заминување, сценариото за разделба станува сè пореално. Претседателот Флорентино Перез не сака да ризикува и да влезе во последната година од договорот без договор за продолжување, па продажбата веќе ова лето е сериозна опција доколку не се најде заеднички јазик.