Репрезентативецот Серафимов потпишува за Пелистер!

Десниот бек на Алкалоид, Мартин Серафимов на крајот од сезоната ќе го напушти клубот од Автокоманда и ќе се пресели во редовите на Пелистер.

Тој веќе се договорил со актуелниот шампион на Македонија каде што заминува по пет години поминати во Алкалоид. Претходно четири сезони помина во Металург кој е негов матичен клуб.

За 26-годишниот македонски репрезентативец одамна имаше шпекулации дека ќе го засили Пелистер и дека ова ќе биде негова последна сезона во Алкалоид. Официјално претставување на Серафимов треба да има во текот на денешниот или утрешниот ден.

Во Пелистер доаѓа на местото на тунискиот интернационалец Усама Хосни кој ќе го напушти клубот во реконструкцијата на екипата која е планирана за претстојното лето. Одамна е познзато дека Илија Абутовиќ ќе го облече дресот на Партизан, а ќе си оди и Домен Тајник кој ќе биде нов член на Слован.