Нант се врати од минус шест и со пресврт го реши ГОГ во Данска
Нант го презема водството од стартот, но ГОГ го следеше нивниот чекор сè до завршницата од првото полувреме кога влезе во серија и поведе со 19-16.
ГОГ имаше и шест голови предност (22-16), но Нант го засили темпото и во финишот успеа да направи целосен пресврт (34-33).
Фредерик Бјер постигна 11 голови за ГОГ, додека Џулиен Бос и Николас Турна запишаа по седум погодоци.
Фото: Facebook/HBC Nantes