Пелистер не се откажува од македонскиот ветеран – Пешевски останува во Битола!
Кружниот напаѓач и зелено-белите постигнаа договор за продолжување на соработката, со што Пешевски ќе продолжи да биде дел од тимот и во наредниот период, задржувајќи важна улога во составот на македонскиот првак. Неговото доаѓање во Битола се совпадна со еден од најуспешните периоди во историјата на клубот, во кој Пелистер освои повеќе трофеи и се етаблираше како редовен учесник на европската сцена.
Пред трансферот во Пелистер, Пешевски настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт, каде стекна значајно меѓународно искуство.