Стигна официјална потврда: Милан купи напаѓач од Партизан!

Трансферот на 19-годишниот Андреј Костиќ од Партизан во Милан денеска и официјало е потврден од двата клуба.

Партизан ги објави и деталите за овој трансфер, црно-белите може да заработат до 8 милиони евра.

„ФК Партизан постигна договор со Милан околу трансферот на талентираниот напаѓач Андреј Костиќ. Според договореното, вкупната вредност на трансферот може да достигне до 8 милиони евра. Клубот веднаш ќе инкасира 3,5 милиони евра, додека дополнителни 4,5 милиони се предвидени преку бонуси. Исто така, на Партизан му следуваат и 10% од следната продажба на играчот. Андреј Костиќ ќе остане во Партизан до јуни, што значи дека стручниот штаб ќе може да смета на него до крајот на актуелната сезона“, стои во објавата на клубот.

Костиќ оваа сезона одигра 27 натпревари во српското првенство и постигна 10 голови. Претходно настапуваше за Будуќност Подгорица, а веќе дебитираше и за репрезентацијата на Црна Гора.