Oхрид на жешко гостување, сака победа против Олимпијакос во Атина!

Екипата на Охрид денеска пред себе има нов предизвик во кој во четвртфиналето од Европскиот куп на ЕХФ ќе игра против грчки Олимпијакос.

Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ во натпреварот влегуваат со најголеми амбиции, а дуелот во Пиреја сигурно за нив ќе биде вистински тест.

Тимот вчера го одработи и тренингот пред настпреварот на гостински терен. Веќе е познат и составот кој го избра Ројевиќ, а не може да смета само на Ален Ќосевски.

На денешниот дуел, како и на реваншот во Охрид договорено е да нема гостински навивачи со цел да се избегнат несакани сцени како што беше случај со финалето во ова натпреварување минатата година помеѓу АЕК и Алкалоид.

Натпреварот е закажан за во терминот од 16:00 часот и истиот ќе биде пренесуван на третиот канал на МРТ.