Падна договор: Гризман наскоро ќе има нов клуб!
Постигнат е договор меѓу Антоан Гризман и Орландо Сити за двегодишна соработка.
Французинот во клубот од МЛС треба да се пресели по крајот на сезоната.
Двете страни преговараа за договор од март, но тој не се случи бидејќи Гризман и Атлетико Мадрид решија да останат заедно до крајот на сезоната.
Гризман оваа недела ќе отпатува во САД за да го потпише договорот, па ќе се врати во Мадрид за да ја доигра сезоната.