Големо Коњари победи првпат по пет месеци!

Фудбалерите на Големо Коњари по пет месеци конечно успеја да слават победа во Втората лига и денеска беа подобри од прилепска Победа со 2-0.

Последен пат Големо Коњари пред денешниот триумф се радуваше во октомври, а сега ја искористија лошата ситуација во Победа за да запишат три бода. Како што е познато, Победа е во тешка финансиска ситуација и до неодамна под знак прашалник беше доведено дури и постоењето на клубот.

Двата гола за домаќините беа дело на Беким Алимоски кој стрелаше во 36-та и 53-та минута.