Фудбалско Ел Дорадо за Покетино - уште не почнал Мундијалот, а заработил огромна сума
Покетино беше именуван за наследник на Грег Берхалтер на 10 септември 2024 година и добил 5.016.917 долари во фискалната година што завршила на 31 март 2025 година, според даночната пријава на Фудбалската федерација на САД објавена денеска. Платата на Покетино за тој период била 2.516.917 долари, а тој добил и бонус од 2,5 милиони долари. Ќе биде интересно да се види колкава сума заработил во втората фискална година, но податоците за тоа ќе бидат објавени во 2027.
Берхалтер, кој беше отпуштен во јули 2024 година, беше само 10 месеци во својот втор мандат како тренер. Тој заработил 1.774.981 долари во фискалната година, што вклучувало плата од 699.148 долари, бонус од 325.000 долари и пакет отпремнина од 750.833 долари. Американците имаат огромни очекувања од Покетино на претстојното Светско првенство, на кое тие ќе бидат „главни“ домаќини.
САД се во групата Д на Светското првенство и ќе играат против Парагвај, Австралија и победникот од „Патот Ц“ од европскиот плејоф (Турција, Романија, Словачка или таканареченото Косово).