Се повторува ситуацијата со Карвахал: Реал го враќа „одметнатиот“ син
Според шпанските медиуми, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има јасна цел во редовите на Пари Сен Жермен, но тоа не се Витиња и Усман Дембеле, играчи кои претходно беа поврзувани со кралскиот клуб. Се чини дека играчот од „Паркот на принцовите“ кој е најблиску до пристигнување, или враќање на „Сантијаго Бернабе“, всушност е Ашраф Хакими.
Десниот бек, кој порасна во фудбалот во младинската академија на мадридскиот клуб, моментално е еден од клучните играчи на „светците“. Неговиот договор со францускиот шампион е до 2029 година, но Реал го гледа неговото враќање како идеално долгорочно решение за позицијата десен бек, со оглед на тоа што ерата на Дани Карвахал завршува. Ако Мароканецот се врати, тоа ќе потсети токму на ситуацијата со Карвахал кој исто така е производ на школата на Реал, но на почетокот на кариерата играше за Баер Леверкузен пред да се врати на „Бернабе“ и да стане еден од најтрофејните во историјата на клубот.
Сепак, ПСЖ нема да биде спремен да се откаже од Хакими за помалку од 80 милиони евра. Хакими ја освои Лигата на шампионите и четири титули во француското првенство со парискиот клуб, но никогаш не криел дека неговото срце останува во Мадрид. Пред да се приклучи на Париз, тој беше италијански шампион со Интер, а со Реал освои една од двете титули во Лигата на шампионите, но не и во Примера. Одигра 17 натпревари за првиот тим на „кралскиот клуб“, постигнувајќи два гола и асистенција.
Се очекува да пристигнат најмалку пет или шест нови играчи, со веќе договорените враќања на Ендрик од неговата позајмица од Лион и Нико Паз, кој се враќа по импресивните настапи за италијанскиот клуб Комо. Во меѓувреме, Реал Мадрид продолжува да ја брка Барселона во домашното првенство, додека се соочува со тежок двомеч против Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите.