Објавен дресот на Македонија за дуелот со Данска во Копенхаген (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март гостува во Копенхаген кај Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство (СП) кое се игра оваа година, а претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ го објави дресот кој ќе го носат репрезентативците.

Омерагиќ објави фотографија со која го најави новиот дрес, на кој може да се забележи дека на дресот доминираат жолтата боја, додека има и црвени ленти.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март од 20.45 часот, а се очекува „Фалангата“ во голем број да им даде поддршка на нашите фудбалери.