Митревски и Манасков ја победија конкуренцијата - Пелистер го има голот на групната фаза во ЛШ! (ВИДЕО)

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Пелистер со поразот на гости кај Барселона го заврши настапот во ракометната елита каде што не успеаја да се изборат за втора фаза.

Пелистер групата ја заврши со само шест бода на седмата позиција, меѓутоа како мала утеха пристигна во изборот на најубавите голови во групната фаза. Имено, на врвот во овој избор се најде Дејан Манасков со цепелинот од голманот Никола Митревски, токму против Барселона, но на првиот дуел во Битола.

Манасков ја победи конкуренцијата, а зад него на листата се најдоа: Гидсел, Гиорги Тсковребадѕе, Иан Баруфет, Оскар Бергендал...

Фото: EPA