Лапорта го повлече првиот чекор по реизборот – поврзан е со тренерот Флик!
Продолжувањето на соработката дојде веднаш по изборната победа на Лапорта на претседателските избори во клубот.
„Наскоро ќе го потврдиме продолжувањето на соработката со Ханси. Тој се согласи и е многу среќен тука“, изјави Жоан Лапорта, претседателот на Барселона.
Германскиот стратег ја презеде клупата на каталонскиот гигант пред сезоната 2024/2025 година. Во првата сезона ја освои Ла Лига и Купот на Шпанија, а во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето. Барселона сезонава е лидер во шпанското првенство и се бори за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.