Реал Мадрид подготвува голема летна реконструкција – си оди и иднината на клубот!
„Кралевите“ заостануваат четири бода зад Барселона во Ла Лига, загубија од најголемиот ривал во финалето на шпанскиот Суперкуп, а беа елиминирани и од второлигашот Албасете во Купот на кралот. Лошите резултати доведоа до смена на тренерот Чаби Алонсо, на чие место дојде Алваро Арбелоа, но формата и понатаму е променлива. Надежите за трофеј, сепак, не се изгубени – Реал сè уште е во трка за титулата во Шпанија, а во Лигата на шампионите има убедлива предност против Манчестер сити (3-0) пред реваншот во осминафиналето.
Според шпанските медиуми, клубот планира драстично да го освежи составот, а на листата за можни заминувања се наоѓаат неколку звучни имиња. Најголемо изненадување е Едуардо Камавинга, 23-годишниот играч за врска кој важеше за иднина на клубот. Наводно, Реал би го пуштил доколку пристигне понуда од најмалку 50 милиони евра. Покрај него, клубот е подготвен да се раздели и со искусните дефанзивци Давид Алаба и Антонио Ридигер, како и со десниот бек Дани Карвахал.
На списокот се и левите бекови Ферланд Менди и Фран Гарсија, што јасно укажува дека клубот планира целосно да ја реконструира одбранбената линија.
ФОТО: EPA PHOTO