Легендарниот Роналдињо удри жестоко по Анчелоти поради – Нејмар!
„Кариоките“ ќе играат против Франција на 26 март во Бостон, а пет дена подоцна ќе се соочи со Хрватска во Орландо, во рамки на подготовките за СП 2026. Иако Нејмар беше на поширокиот список, сепак не се најде меѓу патниците за американската турнеја. Оваа одлука веднаш предизвика реакции, а меѓу првите се огласи легендарниот Роналдињо, кој јавно го изрази своето незадоволство.
„Нејмар и на една нога е подобар од повеќето Бразилци во моментов. Едноставно повеќе не уживам гледајќи го Бразил како порано. Тој мора да биде дел од репрезентацијата на Светското првенство“, изјави Роналдињо.
Анчелоти ја образложи својата одлука со фактот дека Нејмар во моментов не е во оптимална физичка форма, што било клучно при изборот на играчите.
„Ако Нејмар биде подготвен, можеби ќе оди на Светското првенство, но можеби и нема. Ако не е сто проценти подготвен, нема да биде дел од тимот“, порача италијанскиот стратег.
Тој додаде дека конечниот список допрва ќе се формира и дека Нејмар мора да продолжи да работи, да игра и да ја докажува својата форма доколку сака повторно да биде повикан.