Комо со пресврт ја расплака Рома и се врати во топ-4 во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо беа подобри од Рома со пресврт (2-1) во 29. коло од Серија А, со што се вратија во топ-4 екипите на табелата.

Рома имаше подобар почеток на натпреварот и предност од седмата минута со голот на Дониел Мален од пенал.

Комо во вториот дел израмни преку Анастасиос Дувикас, а потоа Весли Франка доби црвен картон кај Римјаните и тука почнаа проблемите за гостите.

Домаќините успеаја да постигнат уште еден гол до крајот на средбата, и тоа преку Диего Карлос во 79. минута.

Комо е на четвртата позиција со 54 бодови, додека Рома е на шестото место со 51 поен.

Претходно Болоња славеше на гости кај Сасуоло со 1-0, додека Пиза беше подобар од Каљари со 3-1.