Перез стави на продажба една од своите ѕвезди - бара најмалку 50 милиони евра!

Сезоната трае, Реал Мадрид се бори на два фронта, но паралелно се кројат плановите и за летниот преоден рок во кој се очекува да бидат активни.

Последните информации велат дека е донесена одлука за продажба на Едуардо Камавинга.

Реал Мадрид сака да го продаде и ќе разгледува понуди за него ова лето, тие одлучиле да не го продадат за сума под 50 милиони евра.

Неколку клубови од Премиер лигата го сакаат неговиот потпис.